social image

Подготовки за новата учебна 2020/21 година - Пикадили С ќе овозможи три начини на учење

Почитувани,

Се надеваме дека Ве наоѓаме во добро здравје.

Постојано ја следиме ситуацијата и објавите на Министерството за образование и Министерството за здравство и би сакале да Ве информираме дека согласно нивните одлуки и препораки како и досега, така и во овој период се подготвуваме за новата учебна 2020/21 година.

Здравјето е најважната компонента во едно општество и со тоа целокупната работа на тимот на Пикадили С во целост е во согласност со препораките за превенција и заштита од COVID-19.

Наставата оваа учебна година ќе биде организирана согласно тековната ситуација, односно училиштето Пикадили С ќе овозможи три начини на учење:
  • со физичко присуство
  • он-лајн
  • комбинирана настава (физичко присуство и он-лајн)
Наставата со физичко присуство на учениците ќе се одвива во просториите на Пикадили С каде ќе се почитуваат сите здравствени мерки, ќе се одвива со мала група ученици, ќе се држи соодветно растојание, често ќе се проветрува и постојано ќе се дезинфицира, односно ќе се следат сите дадени протоколи за превенција и заштита од COVID-19.

Он-лајн наставата, како и минатата учебна година, ќе биде по најсоодветната платформа за учење од далечина со методи кои на учениците ќе им овозможат најдобро совладување на материјалот. Он-лајн наставата во Пикадили С е интерактивна и класичната училница се заменува со виртуелна.

Комбинираната настава која ќе ги содржи компонентите и на наставата со физичко присуство и на он-лајн наставата, повторно во согласност со дадените протоколи за работа.

Во периодот од 24.08.2020 до 27.08.2020 ќе ги доделиме дипломите за учебната 2019/20 година кои поради ситуацијата не успеавме да им ги доделиме на учениците во редовниот термин на крајот од минатата учебна година. За точниот ден и време на доделувањето на дипломите учениците ќе бидат дополнително известени.

Уписите за учебна 2020/21 се од 24.08.2020 до 11.09.2020. Со настава почнуваме на 16.09.2020.
Како и досега и во оваа учебна година се надеваме на успешна соработка.

Со почит,
Тимот на Пикадили С

Поврзани вести